Baby's on roller skates

Just another gynecological obstetric site


Leave a comment

Писмо

Врнежлив ден, сив, чиниш Октомври а веке пола Ноември е. Ми помина роденденот сакав да ти кажам. Те нема да ми го заборавиш а мене да викам и кукам по сите како си неодговорен татко. Сепак беше мој. Дури те сметав за своина, мојот татко заборавен, тој што никогаш не беше доволно добар за мене. Сакав да ти кажам, го сретнав тетин Баже во супермаркет, веднаш се сети на тебе, или јас си замислувам дека така се натажи.

Гледав слики од тебе, многу си бил згоден, висок, плав, прав, никогаш не си ми ги покажал. Се сама треба да си видам.

Човек неможеше со тебе да се скара. Ти текнува кога бев трудна, полна хормони и не ти правев муабет не се ни секавам зошто?

Сам си направи бре мекици не ми се ни јави како сум да прашаш. Ама пак беше ТУКА! ТУКА БЕШЕ!

И не ти се ни изнавикав! Немав време за што попрво. Незнам ни дали дојде да ја видиш малата, поим немам. Не ми беше битно, знаев дека си тука и дека можам вечно да се жалам од тебе. Да, барем ти беше тој неодговорниот. Сепак јас бев едно скалило во моите мисли, дека јас сум таа повеке добрата.

НЕЛИ?

Сега и тоа ми го зема, неодговорноста, недоброста, и ништо не ми остана, освен у рацете уште еден ден без тебе…..

Advertisements


Leave a comment

Pap smear vs. HPV test, which one is more important?

Two days ago I was reading about the benefits if HPV test and how we should not even consider the taking the PAP test. women talked that  it is nothing that scratching the surface of the cervix in order to get more cells and it is the same thing with HPV test except for the fact that the HPV test is much better. it was written that all women who are against the replacement of PAP test are sheaps. I would consider the fact that anyone who is against changes for better tomorrow is a sheap and afraid of the current changes, but I would call a person with such name if the person do not know what is PAP test and why is taken? Such reaction isn’t correct! Your OBGYN should explain why is taken.

Why we take PAP test, why HPV is important and what are the differences?

both procedures are the same, a sample is taken from the cervix and sent to lab for analysis. We use the PAP test in order to detect if there is an egzistance of HPV virus or any other abnormal cell changes. Positive PAP test will give the right direction, it means that if the presence of HPV is confirmed, than you will have to do HPV test and find out if you are carrier of a high risk HPV virus.

Why wouldn’t I take just the HPV test?


Leave a comment

Донча

Интересна работа е кога губиш некого, посебно некој драг, губиш дел од себе. Секое нешто прилика, човек, ситница те потесеќаат. Потсеќаат највеке на детство, мирисот и чувството, љубовта и топлината.

Боже колку го мразев! Колку мразев кога ке ме гушнеше! Тој мирис на цигари неможев да го поднесам, просто знаев колку седеше во собата и пушеше. Мразев кога ќе ми кажеше ТЕ САКАМ, некако дури и не му верував.

Сега кога го нема само горки солзи можам да голтам и да посакам да ми се јави. Ама го нема, него го нема а секавањата и тоа што нејкам да се сетам остана. А сакам да не ми текнува ама неможе.

Дали има некој што сакал некого да напушти просто од што е бесен? Да бесна сум што неможев да помогнам да ме сака повеке, лута сум што нејкеше да се грижи за себе повеке, се нервирам што мислеше дека нејкам да му помогнам. Се беше толку тешко, на крајот си отиде, неговите болки ќе ме прогонуваат толку многу, толку тешко ми е што дури неможам да се помирам со себе.

Мојот татко Донча беше мојот херој! Ама незнаеше, не му кажав никогаш.

Јас го сакав, незнам дали тоа го знаеше, исто така не му кажав, зошто не умеевме да комуницираме навистина незнам. Се каам, ама не ми вреди, барем со малку љубов да заминеше, само јас подобро ќе се чувствував или он подобро ќе се чувствуваше навистина незнам.